Aпелација потврди – 13 години казна затвор за Велија Рамковски


Апелациониот суд ги потврди пресудите за случајот Пајажина во којшто е обвинет поранешниот сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски и одлуката ја испратиле до Кривичниот суд.

velija ramkovskiПресудите стануваа правосилни со што Рамковски треба да помине во затвор 13 години, додека другите обвинети од две до седум години.

Сега одбраната може да поднесе жалби до Врховниот суд или до Судот во Стразбур.

Во судскиот процес „Пајажина” беа обвинети 23 управители и основачи на фирми со адреси на скопската улица „Перо Наков” за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители.

Кон крајот на јули минатата година телевизијата престана да зрачи во етерот откако Агенцијата за електронски комуникации ја одзеде дозволата за работа поради стечај.

Kanal 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1