Скопскиот Апелациски суд ја потврди 14-годишната затворска казна за дваесетгодишниот Насер Ештрефи, кој е осуден за убиството на матурантот Ангел Петковски од скопско Ѓорче Петров.
Апелацискиот суд ги одбил жалбите и на Обвинителството и на одбраната на Ештрефи и ја потврди првостепената пресуда која сега е правосилна. Основниот суд Скопје 1 го осуди Ештрефи на 14-годишна казна затвор, лани на 6 јули минатата година.