Апелација потврди: Доживотен затвор за убијците кај Смилковскиo Езеро


Апелацискиот суд Скопје ја потврди  пресудата на Основниот суд Скопје 1 од 30 јуни 2014 година за случајот „Монструм“ .

Апелацискиот суд Скопје со пресуда КОКЖ.бр.108/14 од 9.10.2015 година, одлучувајќи по жалбите на јавниот одбвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и обвинетите, ја потврди  пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.80/12; КОК.бр.88/13 од 30.6.2014 година во предметот познат во јавноста како „Монструм“, се вели во денешното соопштение од скопска Апелација.monstrum2

Со цитираната пресуда на Апелацискиот суд Скопје по одржаната јавна седница и сеопфатната анализа на доказите и оценка на жалбените наводи, жалбите на обвинетите А.И., А.Д., А.И., Ф.А. и С.Љ. огласени за виновни за кривично дело „тероризам“ од Кривичниот законик, како соизвршители и обвинетиот Х.А. огласен виновен за кривично дело „тероризам“ како помагач, и осудени на казна доживотен затвор изречена од страна на првостепениот суд, се одбиваат како неосновани.

– Со одлуката на Апелацискиот суд Скопје, жалбата на јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена во ослободителниот дел на првостепената пресуда,  со која обвинетиот Р.С. е ослободен од обвинението за кривичното дело „тероризам“ од Кривичниот законик како соизвршител со останатите обвинети, се одбива како неоснована, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1