Аплицирајте- Се бара работник кој ќе патува околу светот за 100 илјади долари!


Cе бара ентузијастичен работник кој би патувал низ светот околу година дена, сите трошоци за пат се платени, а платата изнесува вртоглави 100.000 долари. Звучи предобро за да биде вистинито? Но сепак е. За Што станува збор?

Туристичкиот портал CNTraveler објави атрактивен натпревар за работа кој, најверојатно, ќе привлече голем број на невработени авантуристи, но и оние вработените кои не се задоволни од она што го работат.

jobCтанува збор за патување кое би требало да трае година дена, а се што треба да работите во текот на тоа патување е да фотографирате и да пишувате текстови за тоа каде сте биле и истите да ги диструбуирате по пат на социјалните мрежи. И секако, да волонтирате, како би, секоја дестинација која сте ја посетиле, „ја оставиле подобра и поубава“.

Рокот за пријавување е 15 септември

Работа во која сите трошоци за патот се платени, плата од 100.000 долари и пат околу светот, се секкао три одлични причини кои ќе привлечат бројни аватнуристи ширум светот.

Рокот за пријавување е 15 септември, а сите заинтересирани мора да снимат видео во траење од 60 секунди кое најдобро ги претставува и да го постават на страницата на компанијата Jauntaroo.

Том Вилсон од оваа компанија вели дека патувањето би требало да трае 52 недели, во текот на кои би се посетиле помеѓу 30 и 50 дестинации во светот, од Берлин до Малдиви. Воглавно би се посетувале помалку познати земји.

По пријавувањето ќе се одберат 50 полуфиналисти кои ќе мораат да снимат и второ видео, а од нив 50, во финале ќе влезат само петорица.

За работата може да се пријавите на следниот линк.

Denesen

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1