Апокалипса во Америка: Градови оковани во снег и лед, запрен сообраќај, граѓаните без струја


Леден дожд, снег и силни ветрови го зафатија северниот дел од САД, поради што за сообраќај се затворени повеќе автопатски делници како и еден аеродром.tan2016-12-27_21913710_2-620x350-95485

Многу делови од автопатите во Јужна и Северна Дакота се затворени, а издадено е и предупредување да не се патува во поголемиот дел од Северна Дакота.

Метеролошката служба во Бизмарк во Северна Дакота соопшти дека предупредувањето за снежни бури останува на сила и вечерта во локално време.tan2016-12-27_2174128_1

Затворен е и меѓународниот аеродром Минот, а ќе бидат откажани и летовите од Фарго и Бизмарк.

Силните ветрови доведоа до доцнење или одложување на летовите на меѓународниот аеродром Минеаполис.

Како што пренесува АП, бурата предизвика и прекин на струја во Невраска, Јужна и Северна Дакота.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1