Српската полиција извести дека го скршила најголемиот ланец на шверц со дрога и оружје во земјата, а и еден од најголемите на Балканот. Министерството за внатрешни работи на Србија објави снимки од апсењата на двајцата дилери на дрога.
“Станува збор за меѓународна криминална група, која се занимава со шверц на оружје на територијата на Србија и Франција. Со ова е пресечен најголемиот ланец на шверц на оружје и дрога”, рекол Стефановиќ.
Стефановиќ додаде дека преку акцијата биле откриени организаторите и врвот на пирамидата на шверцот на дрога, истакнувајќи дека било најдено и автоматско оружје.
Мича Николиќ, наречен Сарма (56) бизнисмен од Нови Сад и пред две години во акција на БИА и Обвинителството за организиран криминал, поради сомнение дека е водач на нарко-кланот кој е под контрола го држи пазарот во Нови Сад.
Другиот уапсен, познат како Меда Тутиќ од Нови Пазар, е означен како најголем нарко-бос на Балканот, изјави министерот Стефановиќ.