Вечерва прво приведување во врска со изборен криминал. Според последните информации неколку лица од Кочани биле фатени како купуваат лични карти од гласачи за тие да не излезат на гласање во недела. Кај нив биле пронајдени списоци со имиња и суми на пари кои треба да бидат исплатени.
Имено, според информациите до кои дојдовме две лица од Кочани вечерва пријавиле дека Сашко М. им ги побарал личните карти за да не можат да го остварат своето гласачко право на изборите во недела за надомест од по 1.000 денари.
На средбата Сашко пристигнал со уште три лица со две возила, по што полицијата кај едно од лицата пронашла два списоци на кои биле наведени имиња и презимиња и износи. Истите биле приведени во полициска станица.
Неофицијално, приведени се членови и активисти на СДСМ.