Апсење во Македонија: Уапсен висок функционер на СДСМ


Висок функционер на СДСМ во општина Куманово попладнево е уапсен под соменение за корупција, дознава Пресс24 од високи полициски извори.uapseni-grcec500

 

Според нашите информации, денеска во 13:45 Одделот за организиран криминал во МВР го уапсил раководителот на правниот сектор во општина Куманово по пријава дека примил награда за противзаконско влијание.

Раководителот се сомничи дека зел одредена сума евра за странка. Од полицијата го потврдуваат случајот и додаваат дека во моментов во тек е претрес. Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1