Најголемиот концертен спектакал на Жељко Јоксимовиќ ќе се одржи вечерва во Скопје на Арената „Филип Втори“, а истата е веќе подготвена на само неколку часа пред почетокот на концертот.
Заедно со српскиот пејач на бината ќе се појават блескави музички гости.
Освен Даниел Кајмакоски, Жељко ќе ја подели сцената уште еден Жељко. Самарџиќ ќе биде вистинска концертна поддршка за својот српски колега.
А за да го сменат ритамот на концертот и да понудат поинакви стихови, тука ќе бидат и Рибља Чорба. Македонската поддршка ќе ја пружат Гаро и браќата Тавитјан.
Организаторот најави рекорден број публика.
Foto – Kurir/Vecer