Арета Френклин е на смртна постела: Семејството се моли за чудо


Арета Френклин е тешко болна, пишува “Showbiz 411”. Кралицата на соул музиката моментално се наоѓа во Детроит, каде е опкружена со своето семејство кое ги моли нејзините обожаватели за поддршка и молитви во овие тешки времиња.
“Зборував со близок пријател на Арета Френклин и нејзиното семејство. Пејачката не е добро”, напишал новинарот на “NBC”, Хари Херстон на својот Твитер профил.

areta

76-годишната Френклин веќе со години се бори со здравствените проблеми.
Таа го имаше својот последен настап во септември минатата година на фондацијата на Елтон Џон за борба против СИДА-та. Претходно таа година, Арета најави дека тоа воедно ќе биде и последната година во која таа ќе настапува.

“Ќе снимам, но нема да одржувам концерти”, изјавила пејачката во една радио емисија.
Френклин со години се борела со прекумерната тежина и алкохолизмот, а долго време била и страстен пушач. Во медиумите се појавија и гласини дека е болна од рак, но таа ги демантирала ваквите информации.

Арета со години се бори со вишокот килограми и зависноста од алкохол. Медиумите неретко објавуваа дека таа е болна од рак, но пејачката ги демантираше овие гласини. Исто така, пред неколку години, падна и скрши ребра, па мораше да откаже неколку настапи.

Френклин првата песна ја објавува во 1960 година, кога имала 18 години. Во 1987 година стана првата женска пејачка која станала дел од R&R Hall of fame. Со текот на времето нејзината кариера прерасна на светско ниво и со тоа ја доби титулата за Кралица на соул музиката.
Арета е родена на 25 март 1942 година во Тексас.

Од детството пее во црковниот хор на нејзиниот татко, кој е свештеник. На возраст од 18 години, таа одлучува да се пробие во комерцијална музика и тоа со голем успех.

Останува во историјата на музиката со песни како „Respect“, „Natural Woman“, „Say a little prayer“. Изведувачката е меѓу најнаградуваните во историјата, со импресивни 18 Греми награди.

Френклин беше првата жена, која добила ѕвезда во рокенерол Салата на славните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1