21 ноември се слави светецот Архангел Михаил, и е голема слава помеѓу Христијаните. во Стариот Завет Михаил е споменат по име во перисиски контекст на Книгата на Даниел. Претставен е како заповедник (војвода) на Господовата војска, се вели дека неговото име било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници.
Ова се верувањата ко исе поврзани со овој празник.
Михаил ги донесува душите на олтарот, едно мислење е дека ова се душите на праведните, додека друго е дека ова се огнени овци. Се претпоставува дека бил првиот ангел од сета небеса кој се поклонил пред човештвото. Михаил го научил Адам како да ја обработува земјата. Потоа тој го однел Адам до небесата во огнена кочија, прошетувајќи го низ Небесното царство. По смртта на Адам, Михаил го убедил Бога да го прими на небото и да му го прочисти големиот грев.
Според предание уште во многу старо време Михаил направил да бликне извор Хаиротопа близу Колос, каде сите болни кои се капеле и ја повикувале Блажената Троица и Св. Михаил, биле излечени.
Уште попознати се изворите кои Св. Михаил ги извадил од карпата во Колос (Хони, на Лик). Една легенда вели дека паганите навртиле поток кон светилиштето на Св. Михаил за да го уништат, но архангелот ја расцепил карпата со гром за да му даде ново корито на потокот, и засекогаш ги осветил водите кои течеле тука.
На 19/6 септември се празнува „Спомен на чудата на св. архангел Михаил“, во спомен на чудото во Хон, место во Фригија, кога свети архангел Михаил ја спасил црквата од уривање од неверниците, кога водата што требало да ја потопи ја свртел во друга насока.
Многу традиционални верувања за овој ангел. Тој ги посетува сите болни луѓе – доколку застанe кај нозете не е добро, а ако застане над главата ќе биде добро и болниот ќе се излекува.
Се верува дека болните треба да му се помолат на св Архангел Михаил и да побараат излекување. Овој светец се поврзува со болните и со искупување на гревовите на грешните.
Марко Цепенков на едно место запишал дека „кога ќе умирал чоек, ангелот му се јавуал откај глаата, а смртта откај нозете. (На праведниот му се јавуал ангело и смртта многу весели, а на грешнио многу смуртени и страшни.) (…) Ангело бил со ножо в раце и со терезија, а смртта со една торба алати, како од некој мајстор, турли-турли алати имала: тесла, тесличе, пиличка, пила, секира, глето, копан и друзи многу“
Во народното верување архангел Михаил е претставен како со меч им ги зема душите на луѓето, поради што во некои места (Радовиш) е наречен „Арангел душевадник“.
Во Радовишко било обичај на Аранѓеловден да се оди на гости во с. Ињево каде што три фамилии колеле заеднички курбан. Се раскажува дека им се јавувал на сон некој глас и им велел да заколат курбан и тие тоа го правеле секоја година на овој ден приредувајќи гозби за гостите.
Кузман Шапкарев забележал дека на Архангеловден во Охрид ги колеле свињите специјално ранети за таа зима од кои правеле пастрма, сланина и колбаси и на нивните слезинки гледале и претскажувале каква ќе биде зимата.
Во Гевгелиско, како што запишал Стефан Тановиќ, „Свети Ранѓила“ го замислувале со терезија во едната и сабја во другата рака со која на луѓето им ги вадел душите. Според преданието од овој крај тој стоел на рајските врати и на терезијата од едната страна ги ставал добрите дела на човекот, од другата гревовите и во зависност од тоа што ќе претежнело луѓето ги праќал во рајот или во пеколот.