Библискиот град Содома не е уништен толку колку што првично се мислело. Американските археолози го пронашле овој древен град кој се поврзува со пороците и развратот на југот на Јордан по 10 години ископување.
Пронаоѓањето на Содома е од голема ваќност за археологијата, тврдат научниците. Се очекува дека овој изгубен бибслики град ќе биде споменик кој ќе отслика поголемиот дел од бронзеното доба и ќе открие како градот бил изграден и како се живеело во него помеѓу 3.500 и 1.540 година предн новата ера.
Тимот кој го предводел професорот Стив Колинс од Универзитетот Тринити во Ново Мексико верува дека ги пронашол остатоците од овој древен град по речиси една деценија ископување во близина на Тал ел Хамам во Јорданската долина.
„Археолошкиот тим искупал рудник со злато од древната монументална структура и предмети кои откриваат голем град од бронзеното доба кој доминрал со Јорданската долина, дури ив о времето кога многу други големи градови од „Светата земја“ биле напуштени или биле пред изумирање – изјавил Колинс.
Тој во својата област работи со својот тим уште од 2005 година.
„Многу малку работи се знаат за бронзеното време во оваа област пред да почнеме со ископувањата. Поголемот дел од археолошките мапи од оваа област биле празни – изјавил тој.
Споредувајќи ги своите откритија со другите градови кои се пронајдени во близина, Колинс со сигурност тврди дека ова е вистинското место.
„Тал ел Хамам ги исполнува сите критериуми кои се поставени при потрагата за Содома – тврди Колинс.
Според неговите зборови, градот се состои од горен и долен град. Ѕидовите му се дебели 5,2 метри, а високи 10 метри и се направени од тули од кал.
Според податоците кои за сега биле откриени, може да се дојде до заклучок дека градбите во средното бронзено доба биле многу цврсти отколку што се мислело.