Во администрацијата на општина Тетово нема да има отпуштања поради политичка или друга определба, изјави градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи.
– Не сум дојдена во општината за некому политички да му се реванширам или да постапувам спротивно на позитивните законски прописи. Ги ценам и ќе ги ценам сите луѓе и вработените во општинската администрација исклучиво спрема работата која е нивната определба. Она што го барам од нив е можеби премногу работа, а нивните определби во најмала рака не се моја работа, рече Арифи одговарајќи на новинарско прашање.
Додаде дека пред да дојде на функцијата имало околу 200 луѓе на кои им завршиле договорите за работа. – Ние не им ги продолживме договорите затоа што општина Тетово има 386 вработени што е голема бројка и важно е тие луѓе да работат интезивно и чесно и тогаш барем во оваа фаза не би имало потреба од дополнителни вработувања, истакна Арифи.
Video na TELMA