Хеликоптерите на АРМ ќе останат на земја во наредните 9 до 12 месеци, додека не се најде овластен сервисер во странство што ќе го направи неопходниот ремонт. Летачкиот персонал ризикува да ги изгуби дозволите, доколку нема доволен број часови летање месечно.
Армијата на Република Македонија (АРМ) ги приземји речиси сите хеликоптери, бидејќи им истекол гарантниот рок за кој се сервисирани и сега не смеат да се употребуваат додека не се направи ремонт. Хеликоптерите од типот МИ-17, МИ-8 и МИ-24 сега се на земја, а се користат само мал број летала чија важност на дозволите за летање или рокот за употреба на инструментите истекува за одредено време.
„Од крајот на март, хеликоптерите на АРМ останаа на земја, бидејќи изминаа гаранциите што ги дале производителот и сервисерот. Изминативе 2 месеца се правеа обиди да им се ‘продолжи животот’ на хеликоптерите со писма од производителот или сервисерот, но никој не сака да лета со нив“, посочува извор од воздухопловната единица на АРМ за БИРН.
Повеќе на http://prizma.birn.eu.com