Асад: Ако нападне Турција, ќе ја решиме како што ги решаваме терористите


Сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за шпанскиот весник Ел Пас рече дека е подготвен за примирје во Сирија, но под услов терористите да не се обидуваат да го искористат прекинот на борбите за своја корист.basar-asad

Неговиот коментар доаѓа непосредно откако од сириската опозиција порачаа дека се согласуваат на можноста за привремено примирје под услов сојузниците на Дамаск, вклучувајќи ја и Русија, да прекинат со нападите и да се повлечат опсадите за да се изврши достава на хуманитарна помош.

Запрашан што би се случило ако Турција и Саудиска Арабија тргнат во копнена инвазија на Сирија, Асад со одговор: „Ќе ги решиме како што ги решаваме и терористите, ќе си ја одбраниме земјата од агресија.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1