Асанж нуди 20.000 долари за информации за убиството на малтешката новинарка


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж понуди 20.000 евра за информации за убиството на познатата истражувачка новинарка на Малта.

Дафне Каруана Галиција, „Викиликс жената“, беше убиена во понеделникот попладне со автомобил-бомба. Таа беше позната како остра критичарка на власта, која премиерот на Малта Џозеф Мускат го обвини за корупција во скандалот Панама документи (Panama Papers). Беше убиени четири месеци по победата на неговата партија на предвремени избори, кои ги распиѓа поради нејзините обвинувања.

Државната телевизија објави дека новинарката пред две недели поднела пријава во полиција за закани. Полицијата отвори истрага за убиството.

„Згрозен сум од веста дека малтешката истражувачка новинарка Дафне Каруана Галиција е убиена со автомобил-бомба во близина на својот дом. Давам награда од 20.000 евра за информации кои ќе доведат до осудување на нејзините убијци“, објави Асанж на Твитер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1