Астероид со големина на станбен блок викендов ќе пролета во близина на Земјата, но нема опасноста да се судри со планетава.
Астероидот широк 80 метри најблиску до Земјата ќе мине во сабота попладне според американско време, на оддалеченост од 957 илјади километри, изјави Дон Јеоманс, од лабораторијата во Калифорнија на американската агенција за вселенски истражувања NASA.
Станува збор за оддалеченост, којашто е два ипол пати поголема отколку што е растојанието меѓу Земјата и нејзиниот природен сателит Месечината.
Овој астероид е откриен дури минатата седмица, бидејќи телескопите не можат да регистрираат вселенски објекти со толкави димензии сѐ додека тие не се приближат доволно блиску,
Астероидот 2013ET веќе може да се забележи на ноќното небо, дури и со аматерски телескопи, додал Јеоманс