Атентат во Истанбул: Убиен медиумски магнат


Основачот и претседавачот со компанијата ГЕМ која емитува програма на персиски јазик, Саед Каримијан, е убиен во Истанбул – пренесе Би Би Си.saed-karimijan

Тој е убиен во истанбулскиот кварт Маслак, заедно со негов бизнис партнер од Кувајт. Полицијата пронашла запалено возило кое е користено во атентатот. Започната е истрага.

Каримијан е суден во отсуство пред судот во техеран и осуден е на 6 години затвор поради ширење на пропаганда против Иран.

ГЕМ ТВ преведува странски и западни програми на персиски јазик и ги емитува преку сателит во Иран.

Таа медиумска група е основана во Лондон, а потоа проширена во Дубаи.

Медиумот има 17 канали на персиски јазик и по еден на курдски, азерски и арапски јазик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1