Атина го обвинува Филе за пристрасност кон Скопје


Филе “долго време организира начини како да го заобиколи грчкиот став, надевајќи се дека ќе биде во можност да наметне формула, која привремено ќе ја замени референцата ПЈРМ и ќе ја принуди Грција да прифати членство на земјата во НАТО и отворање на пристапните преговори со ЕУ”, пишува весникот “Етнос”

grcija vesnikЕврокомесарот за проширување Штефан Филе не ги крие своите пријателски чувства кон Скопје во извештајот за кој во понеделник ќе дискутираат 27-те министри за надворешни работи на ЕУ на Советот за општи работи, констатира “напредок” во сите прашања во врска со ПЈРМ и се обидува да ја смени сликата со нагласување на “нов импулс” во процесот во кој посредува Нимиц, пишува грчкиот весник “Етнос”. Според “Етнос”, извештајот на Филе се очекува да се искористи како средство за притисок врз Грција да ги прифати предлозите на Нимиц, кои отстапуваат од грчките позиции,
– Пролетниот извештај објавен од страна на еврокомесарот за проширување Штефан Филе се претвори во отворен напор Македонија да излезе чиста” во однос на исполнувањето на европските критериуми и прашањето за добрососедски односи.

Филе долго време организира начини како да го заобиколи грчкиот став, надевајќи се дека ќе биде во можност да наметне формула, која привремено ќе ја замени референцата ПЈРМ и ќе ја принуди Грција да прифати членство на земјата во НАТО и отворање на пристапните преговори со ЕУ”, се вели во анализата на грчкиот весник.

Според “Етнос”, доказ за пристрасноста на Филе е и тоа што, и покрај внатрешниот конфликт кој кулминираше за време на локалните избори, конфронтацијата со Албанците, наводното замолчување на медиумите, комесарот смета дека “постои напредок” во однос на внатрешната ситуација во Македонија. Во врска со односите со Грција, според Етнос”, Филе забележува само … позитивни чекори додека брза да констатира дека новиот предлог од Нимиц создава “нова динамика”, се разбира, не потпирајќи се на проценките на двете страни, туку на изјавата на Нимиц: “Се надевам дека ова може да го отвори патот за сериозни разговори и можно решение…”.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1