“ Аце кога ме тепаше никој не ми веруваше, а сакаше да ми го земе и детето“. Ова биле последните зборови на жената која утрово го фрли своето 6 годишно дете од зграда во скопски Хиподром, а потоа и самата скокна. Според информациите и мајката и детето се префрлени во болница во тешка состојба и лекарите се борат за нивниот живот.
Драмата се одвивала на улицата Пехчевска спроти градинката во Хиподром.
Жената со детето во раце се заканувала дека ќе се фрли од зградата.
Во еден момент според кажувањето на еден од соседите, жената го фрлила детето, а жиците за алишта на подолните катови и соседите кои биле сведоци на ужасот притрчале и го ублажиле падот на детето.
Полицијата и пожарникарите подолг период ја убедувале жената да не се фрла од зградата, но не успеале. Соседите велат дека цело време извикувала “ Аце кога ме тепаше никој не ми веруваше, а сакаше да ми го земе и детето“.
Press24