Ацо Колевски нов член на Советот на јавни обвинители


Ацо Колевски, кој е именуван за член на Советот на јавни обинители, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери. Смета дека со своето долгогодишно искуство може да придонесе во работата на Советот, особено за зајакнување на самостојноста на јавните обвинители во Република Македонија.

Запрашан како ќе ја поправи сликата за Советот, каде се избираа блиски членови на семејства, Колевски рече дека сега стапува на должност и оти не би ги коментирал претходните одлуки на Советот.

– Сметам дека во Советот се избрани членови што се професионалци во својата работа и дека ако требало нешто да се направи во смисла на законските задолженија тие би го направиле, во смисла на изземање и слично. Веројатно постоеле законски услови за сето тоа, затоа и така поминал изборот, рече Колевски.

Информациите за ваквиот избор ги нарече шпекулации и кажа дека не би сакал да навлегува подлабоко во одлуките што се до сега донесени.

Колевски беше избран од редот на јавните обвинители, а во Советот за јавни обвинители доаѓа на местото на Љубомир Јовески, кој беше избран за државен јавен обвинител.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1