Archive by Author

Цистерни полни со нафта излетаа од шини кај Косјериќ

Две цистерни полни со нафта се излетаа од шини синоќа на железничката пруга Ваљево-Косјериќ близу местото Ражана, објавија локалните медиуми.Две цистерни полни со нафта беа на крајот од композицијата што се движеше кон Косјериќ, објави порталот „Глас западне Србија“.Засега не е познато што предизвикало цистерните да излезат од шините, како и дали имало излевање нафта. 

______________________________________________________________________________________________________

Во Молдавија се одржуваат парламентарни избори

Почна гласањето на парламентарните избори во Молдавија, кои се сметаат за пресвртница за поранешната советска република, која сега е земја кандидат за членство во Европската Унија. Отворени се вкупно 2.274 гласачки места, вклучувајќи 301 во странство во 41 земја, објавија локалните медиуми. Дванаесет од гласачките места се во Приднестровје, сепаратистички проруски регион кој прогласи меѓународно […]

______________________________________________________________________________________________________

Од вечерва на полноќ почнува кампањата за локалните избори

Од денеска на полноќ почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември). Локалните избори на 19 октомври годинава ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На Локалните избори […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска МПЦ ќе го освети храмот „Свети Константин и Елена“

По 13 години од почетокот на изградбата, денеска ќе биде осветен храмот посветен на светите цар Константин и царица Елена на улица „Македонија“ во центарот на Скопје. Осветувањето ќе го изврши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од МПЦ-ОА со почеток во 08:30 часот. Од МПЦ-ОА ги повикаа верниците […]

______________________________________________________________________________________________________

Дождливо време, температура од 13 до 21 степен

Времето во текот на денот се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, проследени со ретки грмежи. Според синоптичарите, ќе дува слаб со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен Целзиусов. Во Скопје, […]

______________________________________________________________________________________________________

Министерката Божиновска говорничка на Конференцијата „Јас сум жена“

Четврта глобална лидерска конференција „Јас сум жена“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас сум жена“. Конференцијата е поделена на пет панел-дискусии и тоа: Македонки во рурални средини, Македонки во нетипични професии, Македонки во енергетика, Македонки во светот, Мајките за Македонија и Мајките за […]

______________________________________________________________________________________________________

Сиљановска-Давкова за злонамерните написи: Фотографијата со Доналд и Меланија Трамп е автентична

Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, реагираше претседателката на државата Гордана Силјановска – Давкова. – Написите на одредени медиуми дека станува […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ ќе се емитува во САД, Австралија и низ Европа

Македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“ наскоро ќе биде емитуван во кино сали во САД, Канада, Австралија и низ Европа, информираа од тимот кој беше претставен во фестивалскиот прес центар на ИФФК „Браќа Манаки“. Со филмот „Диџеј Ахмет“ вечер завршува натпреварувачкиот дел на фестивалот, а на 1 октомври ќе има македонските кино сали. -Снимавме на различни […]

______________________________________________________________________________________________________

БИРН: Богати Руси под санкции добиваат српско државјанство

Пет руски државјани добија државјанство со одлука на српската влада, иако во тоа време беа под санкции од одредени западни земји, открива БИРН. Според медиумот, од особен интерес е случајот со олигархот Олег Бојко, кого Полска го сомничи за перење пари и соработка со руските безбедносни служби. Српската влада досега не одговорила зошто е во […]

______________________________________________________________________________________________________

Хрватска и Унгарија меѓусебно се обвинуваат за воено профитерство

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска одговори на коментарот на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој во контекст на енергетската соработка, ја обвини Хрватска дека се однесува како воен профитер, пренесува Новине.хр. „Со огорченост ја отфрлам лажната теза дека Хрватска е воен профитер. Напротив, Хрватска е добар и чесен сосед“, наведе Пленковиќ. Тој истакна […]

______________________________________________________________________________________________________

Депонијата во Струга е во надлежност на општината, вели Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека општина Струга има должност редовно да ја одржува и чисти депонијата, со цел да се спречат дополнителни еколошки и здравствени ризици и да се обезбеди минимален стандард на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Од министерството посочуваат дека остануваат достапни за поддршка во рамки […]

______________________________________________________________________________________________________

Ивановска по распитот во ОЈО кажа дека била пријавена за несовесно работење

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, која објави кандидатура за градоначалничка на Центар како кандидат на „Независни заедно“, денеска беше на распит во Обвинителство во врска со кривична пријава против неа. Ивановска, во изјава за медиумите, по нејзиниот распит во Обвинителсто, рече дека била повикана поради кривична пријава за […]

______________________________________________________________________________________________________

За Универзитетот „Мајка Тереза“ и подземниот паркинг на плоштадот Скендербег во Скопје обезбедени 65 милиони евра

Изградбата на Универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“ и подземниот паркинг на Плоштад Скендербег стануваат реалност. За овие крупни проекти се обезбедени 65 милиони евра од државниот буџет, соопшти првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Според него, реализацијата на овие проекти ќе започне многу скоро. -Сè е подготвено за нивниот почеток. […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје

Државната изборна Комисија денеска не го донесе упатството за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совети на општини и на Градот Скопје, откако членот на ДИК Дитмире Шеху побара одлуката да се донесе со консензус, едносгласно, повикувајќи се на одредби од Изборниот законик кои, како што рече, предвидуваат член на Комисијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се формира ресурсен центар за поддршка на општините

На денешната седница на Владата на предлог на Министерство за локална самоуправа беше усвоена Информацијата за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините. Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, за таа цел, Владата на Швајцарската Конфедерација, претставувана од Федералниот департман за надворешни работи, преку Амбасадата […]

______________________________________________________________________________________________________

Запленети над 1,5 тони марихуана во Белград – разбиена е една од најголемите мрежи за дрога

Управата за криминалистичка полиција, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, спроведува акција на територијата на Белград, при што се запленети повеќе од 1,5 тони марихуана, пренесува Нова.рс. Според сознанијата на медиумот, во тек е апсење на лица под сомнение за сторено кривично дело – неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги. Претреси се […]

______________________________________________________________________________________________________

Министерство за енергетика: Со измените на Законот за енергетска ефикасност до пониски сметки, почист воздух, заштеда

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) подготви измени и дополнувања на Законот за енергетска ефикасност со кои се прави суштински исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, намалување на емисиите на стакленички гасови и интеграција на обновливите извори на енергија (ОИЕ). Како што наведуваат од Министерството, со предложеното законско решение се обезбедува усогласување […]

______________________________________________________________________________________________________

Во трка за претседател на Антикорупциска 13 кандидати, изборот по локалните избори

Од македонското Собрание денеска информираат дека рокот за пријавување за претседател на Државната изборна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) заврши и оти се пријавиле вкупно 13 кандидати. -Со оглед на тоа што постапката е прекината, прекината е и административната селекција. Имињата ќе бидат познати откако ќе заврши процесот на административна селекција на пријавените кандидати. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1