Archive by Author

ДИК: Само два потписа доволни за учество на независните кандидати на локалните избори

Два потписи од двајца избирачи ќе бидат потребни за да можат независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на претстојните локални избори кои треба да се одржат во октомври. Ова го предвидува новиот Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и за начинот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Косоварите со години се најбројни европски туристи во Албанија

Милиони посетители, милијарди евра. Туризмот стана честа тема кога станува збор за Албанија во последните години. Сепак, како и минатата година, и овогодинешното лето донесе одредени загрижености дека албанските плажи се помалку посетени од очекуваното. Пред една година, премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека објавувањето фотографии и видеа од празни плажи е „организиран напад“ […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Не размислувавме за воведување вонредна состојба

„Ние не сме за воведување вонредна состојба“ како одговор на државата на секојдневните протести во Србија кои се придружени со немири, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредна прес-конференција на 17 август. „Не го разгледуваме тоа бидејќи постапката е комплицирана. Тоа е последно средство, но, не сме го разгледале и не би сакал да го […]

______________________________________________________________________________________________________

Европските лидери ќе му се придружат на Зеленски на состанокот во Белата куќа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека ќе му се придружи на украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со други европски лидери, на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон. „На барање на претседателот Зеленски, ќе му се придружам на претседателот Трамп и на другите европски лидери во Белата куќа“, објави таа […]

______________________________________________________________________________________________________

Доларот паѓа втора недела по ред

На глобалните девизни пазари, доларот ослабе во однос на главните валути минатата недела, бидејќи најновиот извештај за инфлацијата во САД ги поддржа очекувањата дека Федералните резерви ќе ги намалат каматните стапки за прв пат оваа година во септември, што значи дека приносот на доларот е помал од другите глобални валути. Индексот на доларот, кој ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Српската полиција приведе 56 лица на антивладините протести

За време на вчерашните антивладини протести Србија, биле приведени 56 лица, информираше денеска српското министерство за внатрешни работи (МВР). Според информациите, вкупно 56 лица биле донесени во полициски станици, од кои 16 се приведени поради основано сомнение за сторено кривично дело – насилно однесување на спортски настан или јавен собир. Против уште 35 лица ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

ОЈО: Поведена истрага за млада жена која се обидела да ја убие бабата на сопругот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што информира Јавното обвинителство, на 15 август, во домот на улицата „Борис Бојаџиски”, при вршење семејно насилство, се […]

______________________________________________________________________________________________________

ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни се два пожари

 Вкупно 27 пожари на отворен простор се регистрирани до 08:00 часот утрово. Од нив активни се два, еден е под контрола, а изгаснати се 24. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, Општина Македонски Брод, каде е зафатена мешана шума, како и во селата Лојане и […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со демант: Сите граѓани имаа право да присуствуваат на вчерашниот протест во Кочани“

Министерството за внатрешни работи ги демантира како што ги нарекува дезинформациите објавени во дел од порталите и на социјалните мрежи дека наводно полицијата вчера, на 16 август, не дозволила влез на граѓани во Кочани, кои сакале да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите”. Како што наведува МВР, ниту еден граѓанин не бил спречен да влезе […]

______________________________________________________________________________________________________

„Њујорк тајмс“: Европските лидери поканети на средбата на Трамп и Зеленски во Белата куќа

Европските лидери се поканети да присуствуваат на средбата што ќе се одржи в понеделник во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на високи европски официјални претставници. Средбата меѓу Трамп и Зеленски ќе се одржи еден ден по Самитот на американскиот претседател со рускиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Антикорупциска останува без претседател, изборот замрзнат до завршување на изборите

Откако Државната комисија за спречување на корупција соопшти дека нема надлежност да дава мислење дали е итно или не да се избере нов претседател на ДКСК, по истрагата и оставката на Татјана Димитровска, Комисијата за прашања на изборите и именувањата ја избра комисијата за селекција на кандидатите за нов претседател на ДКСК, но кажа дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре е прогласен ден на жалост во Црна Гора поради загинувањето на војникот во пожарите

Владата на Црна Гора одлучи да го прогласи четврток, 14 август, за Ден на жалост за смртта на војникот Дејан Божовиќ, кој загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење на пожар. Помладиот водник Дејан Божовиќ (42) од Даниловград беше убиен, а водникот Марко Иковиќ (43) беше тешко повреден. Божовиќ беше припадник на првиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Уставниот суд оформи предмет за Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

Уставниот суд информира дека е формиран предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.07.2022 година во Софија, за кој во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука.  Подносител на иницијативата е поранешната пратеничка и претседателка на […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен рекетар од Струга, барал 20.000 евра од охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.П.(19) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда” по член 258 од Кривичниот законик. По преземени посебни истражни мерки, реализирани од СВР Охрид и Одделот за криминалистичка полиција – Отсек за општ и насилен криминал во МВР, констатирано е дека пријавениот со намера да […]

______________________________________________________________________________________________________

Хрват од 1996 година добивал воена инвалидска пензија, а воопшто не бил ранет

Општинското обвинителство во Копривница поднесе обвинение против 53-годишен хрватски државјанин за кривично дело измама, бидејќи лажно прикажал дека е ранет во Татковинската војна и врз основа на тоа примил вкупно 1,8 милиони куни односно речиси 240.000 евра незаслужена воена инвалидска пензија, пренесува Н1 телевизија. Според обвинението, тој лажно претставувал дека ги исполнувал условите за инвалидска пензија […]

______________________________________________________________________________________________________

Овошјето во Србија поскапе речиси двојно за една година

Цените на земјоделските и рибните производи во јуни во Србија се зголемија за 13,4 проценти во споредба со јуни лани, објави денес српскиот Завод за статистика. Како што пренесува Танјуг, растот на цените најмногу бил под влијание на цените на житото – 3,9 насто и овошјето – 81,4 насто. Цените на земјоделските и рибните производи во […]

______________________________________________________________________________________________________

Истражување: 78 насто од работниците во Хрватска доживеале целосно „прегорување“

Огромни 78 насто од хрватските работници доживеале прегорување, додека половина од вработените никогаш не земаат боледување, слободни денови или годишен одмор поради стрес. Ова се некои од резултатите од истражувањето објавено денес од порталот „Моја работа“, што ги пренесува Индекс. Алма Кариер Кроатија, меѓународна компанија која го управува порталот „Моја работа“, спроведе истражување на повеќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре се очекува да се формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе одржи седница на која се очекува да формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Како што стои на календарот на активности на веб-страната на Собранието, седницата е закажана за 12 часот. Собранието на 5 август го […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1