Авион на компанијата Delta Air Lines со 125 патници слета во четвртокот од пистата на аеродромот LaGuardia во Њујорк и завршил во оградата, при што неколку патници биле полесно повредени јавија локалните медиуми.
Во четвртокот во Њујорк паѓаше снег и видливоста беше слаба.
Летот Delta 1086 на линијата Атланта-Њујорк со 125 патници излета од пистата при слетувањето, се прецизира во соопштението на компанијата Delta.
Патниците со помош на тобоган излегле од авионот и со автобус биле префрлени до терминалот на аеродромот, стои во соопштението.