Авион со 143 патници ја промаши пистата на аеродромот во Приштина (Фото)


Аеродромот во Приштина од синоќа е времено затворен откако авион на турската компанија „Туркиш Ерлајнс“ ја промаши пистата при слетување по дождливото време.Turkish

Портпаролката на приштинскиот аеродром Валентина Гара изјави дека во авионот, кој полетал од Истанбул, се наоѓале 143 патници и осум членови на екипажот, но никој не е повреден.

Таа додаде дека аеродромот ќе биде затворен се додека не се изврши техничка контрола со цел да се утврди причината за овој мал инцидент. Засега се откажани три летови.timthumb

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1