Авионот на „Турлиш ерлајнз“ на линијата Истанбул – Лондон е пренасочен во Србија и слетал на аероромот „Никола Тесла“ во Белград.
Авионот е пренасочен во Белград, откако во леталото е пронајден мобилен телефон чиј сопственик е непознат.
Неопходните сигурносни проверки се во тек, соопшти турската авиокомпанија.
Како што се наведува, се работи за авионот од типот „Боинг 777/30ЕР“, со 300 патници, на летот ТК1979.