Авионот се урнал бидејќи еден мотор откажал, пилотот по грешка го исклучил другиот (ВИДЕО)


Кога авионот на тајванската воздухопловна компанија „TransAsia Airways“ се урна во февруари година, најверојатно тоа се случило кога пилотот забележал дека едниот мотор откажал и тогаш по грешка го исклучил и другиот, објави во четвртокот комисијата за безбедност во воздухопловството во извештајот за несреќата во којашто загинаа 43 луѓе.

Три минути по полетувањето на авионот „црната кутија“ ги регистрирала зборовите на пилотот: „Леле, повлеков погрешна рачка“, се наведува во најновиот податок во врска со споменатата несреќа.avion54

Еден извор упатен во содржината на извештајот за Reuters рекол дека бил исклучен моторот кој работел. Податоците покажувале дека речиси новиот авион од типот „ATR 72-600“ ја намалил брзината и се урнал кусо по гасењето на моторот. Извештајот притоа не припишува вина никому и не дава препораки, само попрецизно ги објаснува доказите отколку што тоа било направено во прелиминарниот извештај објавен неколку дена по трагедијата, додал соговорникот на агенцијата.

Нацртот на конечниот извештај ќе биде објавен во ноември, а дури во април 2016 година се очекува и конечниот пречистен извештај за катастрофата, соопшти комисијата со појаснување дека во финалниот извештај ќе бидат наведени и причините за несреќата и препораки за дејствување во иднина.

Авионот, кој инаку може да лета без проблеми и со еден функционален мотор, превезуваше вкупно 58 патници и членови на екипажот, а пред да падне во плитката река во тајванската престолнина Тајпеј, со кренат клун се провлекуваше низ зградите и по пат со крилото закачи едно такси возило и еден надвозник. Петнаесет лица ја преживеаја несреќата

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1