Авионот што се урна испратил повик за тревога и по 30 минути исчезнал


Авион од типот „ербас 320“ на компанијата „Џерман вингс“ се урна денеска во јужниот дел од француските Алпи.

Во авионот се наоѓале 142 патника и шест членови на екипажот, јави француската телевизија И-теле.

Авионот летал на релација Барселона – Дизелдорф. „Џерман вингс“ е компанија – филијала на Луфтханза, а досега ниту еден од нејзините претставници не е достапен за коментар.francija avion

Авионот на летот 9525 полетал од Барселона со половина час задоцнување, во 10.01 часот по средноевропско време, а планирал да слета во Дизелдорф во 11.49 часот. Околу 10.47 часот испратил повик за тревога до контролата на летање, а половина час подоцна исчезнал од радарот.

Остатоци од леталото наводно биле пронајдени во едно француско село во близина на градот Барселонет, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

На местото на авионската несреќа веднаш биле испратени спасувачки екипи и возила на итна медицинска помош.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека местото на несреќата е тешко пристапно и се сомнева дека некој од патниците и членовите на екипажот е преживеан.

Премиерот на Франција Мануел Валс нагласил дека причината за уривањето на авионот засега не е позната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1