Авионот на компанијата Ред Вингс кој на релација Пардубице од Чешка со осум лица слетуваше на аеродромот Внуково во Москва се урна и преполови на авионската писта и ја проби оградата, која го дели аеродромот од автопатот.
Авионот потоа бил зафатен од пожар, а негови делови излетале на автопатот и удриле во возило во движење, но неговиот возач останал неповреден. Автопатот во правец на Киев и аеродромот привремено беа затворени.
„Земени се примероци од горивото и снимките од разговорите меѓу екипажот и контролорите на летот, а се разгчедуват и видеоматеријалите од моментот на несреќата.
Според првичните информации причина за несреќата е дефектниот систем за сопирање, јавува агенцијата Интерфакс. Пилотите по слетувањето направиле се‘ за да го запрат авионот, но тој од некои причини продолжил да се движи.
Компанија Ред Вингс најави дека на роднините на жртвите ќе им исплати по два милиони рубљи (околу 50 илјади евра), а на повредените по еден милион рубљи. И градот Москва најави исплата на отштета од еден милион рубљи за секоја жртва.
Извор – DW