Авионските резервации за Истанбул може да се презакажат или да се направи поврат на средствата


Патниците кои имаат резервирано билети за летови од и до аеродромот „Ататурк“ во Истанбул меѓу 28 јуни и 5 јули ќе може да направат пререзервација без никаков надомест или да им бидат вратени целосно парите за неискористените билети.

Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска соопшти дека продолжувањето на валидноста на авиобилетот може да се направи до 31 јули.turkish avio

Од „Туркиш ерлајнс“ информираат дека аеродромот „Ататурк“, кој беше цел на терористички напад, не е затворен за сообраќај, а летовите се реализираат со смален капацитет.

Подетални информации може да се најдат на официјалниот веб сајт на „Туркиш ерлајнс“.

Поради вонредната состојба, вечерниот лет Истанбул-Скопје-Истанбул е откажан.

На аеродромот „Ататурк“ беше извршен троен самоубиствен бомбашки напад во кој според последните информации загинаа 41 лице и 239 се ранети. Овој аеродором годишно го користат повеќе од 60 милиони патници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1