Австралија им плаќа на бегалците за да се вратат во своите држави


Австралија им плаќа на бегалците за да се откажат од барањето за азил и да се вратат во своите матични земји.

Сумата достигнува и до неколку илјади долари, а како што пренесуваат медиумите зависиод државата.

Avstralija_2Либанците добивале максимум од 10.000 австралиски долари (9.338 американски долари). Иранци добивале 7.000, а на Авганистанци им се нуделе 4.000 австралиски долари. Пакистанци и жители од Шри Ланка добивале помалку.

Според министерот за имиграција Скот Морисон, тоа било стандардна процедура во изминатите 10 години. Тој не ги потенцира наведените суми.

– Пакетите се индивидуално ограничени за секое лице кое ќе реши доброволно да се врати во татковината, објасни Морисон.

Тој вели дека бројот на примените барања е зголемен за трипати откако било јасно дека нема да добијат право за постојан престој во Австралија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1