Автобус излета кај Охрид, патот блокиран (ФОТО)


Поради ниските температури од околу -10 степени Целзиусови и подмрзнатиот коловоз вчера автобус на словенечка компанија се излизга од патот кај Прентов мост, во близина на Охрид, пренесува Охридпрес повкувајќи се на информацијата објавена од охридското Супер радио.

prentovmostavtobus1_thumb_medium500_338

фото: Горан Ангеловски/ohridpress

– Тоа беше втор автобус кој имаше проблеми на овој дел ноќеска. Прво имаше проблем со автобус на охридски превозник. Со моторна пила ги чистевме дрвјата на патот и по околу 45. минути го ослободивме патот. Подоцна се излизга и словенечки автобус. Се обидувавме скоро еден час да го вратиме на коловозот. Сообраќајот беше во прекин околу половина час, по што делумно се нормализира, вели за Супер радио Горан Ангеловски од Месната заедница од Куратица кои интервенирале и помогнале да се решат двата случаи.

Месната заедница од Куратица со сопствената механизација успеа да се справи и со снегот кој деновиве се закануваше да го отсече селото од цивилизацијата.

Тие самоиницијативно и со сопствени сретства и механизација го исчистија патот од Прентов Мост до Куратица. По расчистувањето на патиштата во ова населено место, тие се упатиле и кон отстранување на снегот на патиштата што водат кон Косел, Ливоишта, Вапила, Завој и Свињишта каде освен снегот, ги расчистија и паднатите дрвја и гранки.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1