Автобус полн со туристи се заби во мост – 18 повредени помеѓу нив и три деца


Осумнаесет туристи, меѓу кои и три деца се повредени во сообраќајна несреќа во Рим кога автобус удрил во железнички мост.

Возачот на автобусот не обрнал внимание на знакот со предупредување дека високи автобуси не можат да поминат под тој мост.

Во автобусот имало туристи од Велика Британија и Франција.

Од нив петорица се згрижени на лице место, а 15 префрлени во болница, вклучувајќи и три деца, од кои едно тешко повредено , но животот не му е во опасност.

Несреќата се случила на патот кој води покрај железничата линија Рим – Лидо, наведува Анса.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1