Автобус се излизга: 4 лица загинати, 27 повредени- тешка сообраќајна несреќа во Франција


Автобус кој превезуваше патници, рано изутринава околу четири часот и триесет минути излета од Националниот пат број 79. Во несреќата загинаа четири португалски државјани, а дваесет и седум други беа повредени од кои тројца потешко, јави дописникот на МИА од Париз.sneg-avtopat-led-lizgavo

Според информациите на префектирата автобусот се движел кон Швајцарија. Несреќата се случила непосредно пред вијадуктот Шароле, на патот Центар Европа Атлантик која поминува низ Франција од исток кон запад, кој се смета дека е еден од најопасните во Франција.

Излетувањето од патот на автобусот се должи најверојатно на замрзнатиот коловоз, по студениот дожд, што паѓаше во текот на ноќта во регионот.

На настраданите им помогаа седумдесет и пет пожарникари и медицински персонал. На 29 март 2016, дванаесет португалски државјани од Швајцарија загинаа во судир на комбе со камион на истиот овој пат, но во Алие.

Синоќа се случи и верижен судир на камиони на автопатот А31 кај Селонге, во кој едно лице загина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1