Фолсваген Поло со белградски регистерски таблички пропадна во асфалтот на Булеварот Крал Александар,во близина на „цветковиот пазар“ јавуваат српските медиуми.
Возачот изјавил дека нормално возел и дека одеднаш патот се „отворил“ и автомобилот пропаднал. Возачот не е повреден, но е во шок. Дупката била длабока 1.5 метри. Целата страна на совозачот пропаднала во дупката, а во моментот во автомобилот имало 3 лица.
Според информациите најверојатно станува збор за водоводна цевка која пукнала и го пробила и развалила асфалтот па го повлекла автомобилот.