Автомобил излета од патот и се заби во зграда во Охрид (ФОТО)


Автомобил излета попладнево од магистралниот пат што води кон туристичките места на охридското источно крајбрежје и удри во зградата каде е сместена дирекцијата на МЈП „Проаква“.

avtomobilproakvaСпоред првичните информации од СВР Охрид, се работи за автомобил марка „Сеат“, кој се движел од десната страна на патот во правец кон плажите.

Во автомобилот бил само возачот, кој, според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, во еден момент изгубил контрола над возилото и излетал од патот, но засега не се утврдени причините поради кои дошло до незгодата.

– Возачот заработи полесни телесни повреди и не е во животна опасност, изјави Димоски за Супер радио.

Супер радио

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1