Автомобил удри во пешак кај средното училиште ПТТ


Опел со скопски таблички удрил пешак во близина на средното ПТТ училиште во Скопје. Од полицијата засега немаат информации дали повредениот е ученик во училиштето, јавува Канал 5.

policija srednaСообраќајната незгода се случила денеска околу 18.45 часот на булеварот Трета македонска ударна бригада. Опелот со скопски таблички удрил во пешакот кој бил на коловозот.

Повредениот веднаш е префрлен во градската болница за да му се укаже помош. Полицијата го обезбедува местото на несреќата и врши увид за да се откријат причините за несреќата.

Сè уште не е познато дали повредениот е ученик во ПТТ училиштето. Од полицијата најавија детали по завршениот увид.

По несреќата во близина на местото имаше многу средношколци кои по завршениот час останаа да го видат полицискиот увид. Полицијата го регулира сообраќајот и нема поголем застој, известува Канал 5.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1