Автомобилот што падна во Вардар е на Весна Петрушевска – се огласи на Фејсбук


Колата што Пожарната бригада уште ја вади од Вардар е на актерката Весна Петрушевска.

Петрушевска вели дека не знае како се нашло нејзиното возило во Вардар бидејќи таа кога одела на проба во МНТ ја паркирала колата под мостот и влегла во театарот. уредно ја изгасив колата ја заклучив и појдов на проба. Можно е да се работи за обид за кражба. Нема шанси колата сама да тргнала и да падне во Вардар“ вели Петрушевска.

На фејс напиша

,, Автомобилот беше паркиран под мостот од причина што поголемиот дел од моите колеги се паркираме и одиме на проба, претстава. Зошто се паркираме таму е оти нашиот паркинг е полн со сценографија за која патем се не е испланиран простор и мора да се чува некаде, играме претстави, но тоа е друга тема.

Неисе, за сите што шпекулирате, имате дневна сензација, претпоставувате апсурдни нешта (примерно сум возела покрај кеј, па сум влетала во Вардар и сум излегла мртва ладна) да ви кажам дека беше на одалеченост од кејот со дигната рачна и во брзина.

Се останато има служби ќе си истражат. Во секој случај е морбидно и грозно.

За недозволено паркирање се плаќа казна. Не ме зачудува воопшто лошотијата и “храброста” зад тастатура. За сите вас “душебрижници”со претпоставки од најгнасен тип да ви кажам едно нешто, мислев само на децата да не се потресат оти бргу се прошири веста.

Помисливте на тие дечиња ако случајно јас бев во автомобилот? Јас работам чесно и достоинствено, вие може да пишувате по постови до утре и назад! Кога последен пат сте помогнале некому? Јас секојдневно!

Бев на проба со децата од Бејби шоу, работиме на убави нешта, се учиме на достоинствен живот и живот без различности. Благодарам на пожарникарите, на полицијата кои беа на висина на задачата.

Благодарам на сите што се јавивте да ме прашате дали сум добра. Една светла точка и која ја прифаќам тоа е духовитоста на поединци. Да, беше морбидно и страшно.

Јас немам друг избор освен да се борам како и секогаш!Благодарам на сите добри луѓе кои вчера беа со мене 7 часа на нозе: ВикиVioleta Damevska Gorgieva, Игор Џамбазов, Јоце мил, мама Saska Petrusevska, тато Kiril Petrusev и секако многу благодарам на Кети Kejt Katarina која остана со дечињата на проба и ја истера пробата. Првото влегување дома гушка од Кики и Мина со една реченица:”Само ти да си ни добра!”

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1