Затворени се 22 објекти во Скопје во контролите што вчера и денеска ги спроведе Управата за јавни приходи.
Контролирани се деловни објекти околу Т.Ц. Беверли Хилс и во Дебар Маало. Во најголем дел се затворени перални за автомобили и угостителски објекти.
Контролите од страна на УЈП во рамки на акцијата за фискализација се во тек.