Словенечкиот пчеларски сојуз официјално потврдил дека во земјата е забележана појава на азиски стршлен, неавтохтон вид кој во последните години им предизвика огромни штети на пчеларите во повеќе европски земји, а во некои ситуации е опасен и за луѓето.
На штети од азиски пршлен деновиве се пожалил пчелар од Пивка, кој претпоставува дека штетникот дошол од Италија, каде е присутен извесно време.
Смртоносните азиски стршлени се сериозна закана за Европа. Во Франција, се забележани шест мртви, како резултат на нападот на роеви стршлени, известува Индипендент. Опасен е и за луѓето, и тоа не само за оние кои се алергични на убод од инсекти. Неодамна во Франција од убод на азиски стршлен починаа шест луѓе, предупредуваат експертите.Нивниот отров може да предизвика алергиски реакции, откажување на разни органи и смрт.
Азискиот стршлен е сличен на европскиот, но е значително поголем- расте до 5 см. Тие имаат широка глава и портокалово осило долго 6 мм , кое може постојано да инјектира големи количини на моќен отров.
Лета со брзина до 60 километри на час и ги напаѓа пчелите не само во лет, туку и во кошниците. Во една минута може да убие 40 пчели.Кога е смртно ранет , стршленот емитува феромони кои другите членови на ројот ги предизвикува да нападнат. Затоа, уништувањето на нивните гнезда е крајно опасно.
Азискиот стршлен, против кого европските пчели немаат одбранбени механизми, првпат во Европа се појавил во 2005 година во јужна Франција, од каде што се проширил во Шпанија, Велика Британија и Италија.