Баба фатена како краде во маркет во Бутел, внукот се заканувал и дивеел за да ја спаси


Вистинска драма се случувала вчера попладне во маркет на „Жито“ лоциран во Бутел

Од полицијата денес информираат дека вработена во маркетот пријавила дека околу 11 часот, додека се наоѓала во канцеларијата на маркетот со Н.Х., која претходно била фатена како краде одредени производи од маркетот, и со која разговарала кажувајќи и дека случајот ќе биде пријавен во полиција, во маркетот влегле две машки лица.Supermarket-001

Истите, од кои едниот и бил внук, претходно биле телефонски повикани од Н.Х.

По влегувањето во маркетот тие почнале да им се закануваат на Б.Д. и на останатите вработени, а воедно и да фрлаат производи од полиците, на што им се приклучила и Н.Х.,со што предизвикале страв и чувство на несигурност кај присутните.

Интервенирало обезбедувањето и други лица во маркетот и ги отстраниле надвор. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1