Баба стара 77 години добила решение според кое мора да врати 4 милиони долари кои со секс ги изнудила на дедо кој има 80 години.
АФП пренесува дека бабата за седум години од него „позајмила“ 400 милиони јени кои ги потрошила на автомобили и станови.
Судот во Шизука заклучил дека бабата немала намера да ги врати парите. Речено е дека бабата користела „љубовна мрежа“ да од дедото изнуди пари.
Тие почнале да се гледаат во 2000-та година а парите ги позајмувала под изговор дека треба да исплати друг маж кој во спротивно морала да го земе за маж.
Кутриот дедо поради неа го продал станот, земјата и влегол во долгови а таа парите ги потрошила на Јагуар, Мерцедес и луксузен стан.