Баба Ванѓа доби улица во родната Струмица


Улицата која ќе го носи името на познатата јасновидка се наоѓа во индустриската зона Север и досега беше евидентирана со технички број ,, У-2,,. Одлуката за именување на улица по Баба Ванѓа ја донесе советот на општина Струмица на 21 седница на која беа определени имиња и на други 47 улици кои се отворени подолго време ,но досега се евидентираа со технички броеви, јавува Сител.

Vanga

,, Веќе подолг период немаше ставено имиња на улици кои што беа отворени, претежно во новите индустриски зони како зоната Север и новите индустриски зони или детални урбанистички планови кои беа донесени непосредно пред оваа седница, односно оваа година. Работевме подолг период бидејќи 48 улици добија нови имиња, а тоа не е мала работа со оглед дека до сега во општина Струмица има 155 улици со имиња, тоа значи една третина плус додаваме нови улици,, вели Јосиф Христов – претседател на совет на општина Струмица

Освен  познатата јасновитка Баба Ванѓа свои улици добија и  двајцата бранители од Струмица кои загинаа во конфликтот во 2001 година  Атанас Јанев и Кољо Китанов, голем број војводи, револуционери и паратизани,  но и Тоше Проески и Мајка Тереза.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1