Најголемиот српски нарко дилер Коста Радановиќ (51) е уапсен вчера утрината во стан во Белград и кај него се пронајдени четири килограми и 196 грама кокаин, како и 3,130 килограми хероин.
Како што дознава српски Ало, станува збор за меѓународен криумчар на наркотици, кој пверцувал дрога во западна Европа и тоа најчесто со помош на постари сограѓанки кои му биле курири.
-Припадници на специјалната полиција неколку месеци го следеа Радановиќ, кој тоа не го знаше. За време на оперативната обработка дојдено е до сознание дека тој ангажира стари лица од нашата земја за шверц на наркотици ширум светот. Интересно е тоа што во ниеден момент не се посомнева дека полицијата знае за него, туку мислел дека апсењето на неговите луѓе никој нема да го поврзе со него бидејќи истите се апсат од странски служби. Тој не знаеше дека целата акција е по налог на српската полиција. Радановиќ беше мозок на операцијата и целата работа ја завршувал од својот стан во центарот на Белград, вели соговорник за Ало.
На Радановиќ му е одреден 48 часовен притвор, по што ќе му биде предаден на Обвинителството.