Порталот Нова ТВ објави видео на кое се гледа како се повлекува градежната механизација од пред хотелот Бристол.
Вчера на ова место, група граѓани и поддржувачи на СДСМ, заедно со невладината Плоштад Слобода протестираа и ги урнаа тарабите, откако претходно градоначлникот на Центар рече дека го стопира Скопје 2014.
Следеа остри реакции до ВМРО-ДПМНЕ и од Министерството за култура од каде изјавија дека општина Центар може да добие тужба за запирањето на работите која ќе треба да се плати од буџетот