Американскиот потпретседател Џозеф Бајден, за време на неговата посета, го поддржал Косово на неговиот пат за интеграција во ЕУ и ветил две милијарди долари помош за тоа, но само ако покаже консруктивност, пишува порталот „Албеу“.
– Потретседателот на САД Џо Бајден ветил помош за Косово во износ од две милијарди долари и забрзан пат кон ЕУ, под услов земјата да биде конструктивна. Тој додал дека САД и ЕУ тие средства ги обезбедила во соработка со ОН – пренесува порталот Албеу, повикувајќи се на британски медиуми.
Порталот пишува и околу ставот на САД за демаркацијата на границата со Црна Гора.
– Ние посакуваме да имаме едно силно Косово, кое ќе биде полноправен член на ЕУ. Но Косово има обврска и одговорност да ги исполни преземените обврски – го цитира порталот Бајден.
Тој сепак побарал политичарите во Приштина да направат многу повеќе за подобрување на статусот на српската етничка заедница во Косово ако сакаат да влезат во ЕУ.