Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди источна Романија.
Епицентарот на земјотресот бил на 149 километри северно од Букурешт, на длабочина од 91,25 километри.
Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.
Земјотресите со таков интензитет се умерени, но можат да предизвикаат одредена материјална штета. Длабочината на епицентарот на земјотресот ги намали последиците.