Балканска сиромаштија: Оваа жена го продава бубрегот за да ги прехрани децата


Ивана Батлак од Крушевац се решила да го продаде својот бубрег за да ги прехрани своите деца. Невработената самохрана мајка не можела да им обезбеди на своите две малолетни деца доволно средства па се решила да го продаде својот бубрег по фејсбук.

 

1509572-majka-prodaje-bubreg-2s-milenkovic

-Очајна сум и едниствен излез гледам во тоа да си го продадам бубрегот и така до дојдам до малку пари. Тоа е едниствената работа што можам да ја понудам. Немам веќе ниту сила, ниту пак образ да позајмувам пари и да тонам во долгови. Пред некој ден во очај сретнав непознат човек на улица и го молев да ми даде 200 динари за да им подготвам оброк на децата. Без збор веднаш ми даде, а мене после тоа ми беше многу срам, со солзи во очите додека го држи својот син за српски Ало раскажува Ивана.

Има ќерка 14 години и син 17 месеци. Живеат од 15. 000 динари социјална помош и детски додаток во приватен стан за кој плаќаат кирија од 100 евра.

-Првиот маж е без работа и на ќерката повремено и прака по неколку илјади динари. Синот го добив во вонбрачна врска со човек кој исто така сега е без работа, поради што не доаѓа ниту да си го виде синот, бидејки вели дека нема што да му понуди. Мајками е пензионерка со минимлна пензија. Размислував да се преселам кај неа, но таа се плаши дека ќе и правам големи трошоци. Имам брат кој живее во Белград и понекогаш праќа по 1000 динари. Пролетта добив еднократна помош од 4000 динари од центарот за социјална работа и тоа е се.  Вистинска помош немам од никого, поради што и го нудам бубрегот.

Оваа мајка раскажува дека најголем проблем и е на децата да им обезбеди храна. Им подготвува чорби, јадења од пиперки, а понекогаш и јајце. Месото е ретко на менито.

– Синот има 17 месеци и сеуште го дојам. Кога ќе престанам може да почнам да работам.  Порано работев на бензинска пумпа, во агенции, чував стари лица, чистев по згради. Не ми е срам од никаква работа. Само да можам на децата да им обезбедам основни работи, објаснува Ивана.

На забелешката дека продавањето на орган се казнува, таа вели дека не знае колкава е цената на бубрег на илигалниот пазар за човечки органи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1