Балкански Казанова: Се женел 46 пати – кумовите ги собирал по улица


Седумдесет и тригодишниот Томислав Василевиќ познат како Тома Пицулин од Адрана кај Краљево, се женел дури 46 пати! На повеќето жени веќе одамна не се сеќава, како ни на кумовите, а никогаш однапред не знаел кој ќе му биде кум. Секој пат кога ќе излегол со помлада девојка во општината, ги наоѓал кумовите по пат.

1153794-10Последниот кум го затекнал пред продавница, кога тргнале на венчавање. „Се сеќавам еден октомври бев со 33 жени, повеќе од денови во месецот. Бев и со неколку познати пејачки. Жените ми се како дрога, само гледам која ќе ја освојам. Ги познавам, имам моќ и добра приказна. Кај мене жените не можат да се извлечат“, ја почнува приказната Томислав или познат како Казанова од Морава, додавајќи дека веќе две години бил сам и дека не планира повеќе да се жени. Томислав Васиљевиќ, вели дека во Србија, но и пошироко, не постои човек кој бил со повеќе жени од него. Доста пари потрошив на жените, но и од многу од нив им земав.

Никогаш не пиев, не пушев, работев многу и заработував доста. Да немав пари, веројатно немаше ни да бидам со толку“, вели Томислав додавајќи дека добриот капитал го стекнал од богатите жени. Овој љубивник од Морава, вели дека е таков затоа што кога мајката го родила, прво го завила во женска престилка. Вели дека цел живот само ги брка жените, и размислува за нив.

1153818-12Во најдобро сеќавање му била Вида, со која бил 14 години, а повеќето други не може да се сети, па дури со повеќето од 46 жени со кои бил оженет. Првата жена се викаше Марица, па Драгомирка, Иванка… Тешко ми е да ги запаметам, а камо ли да ги набројам, вели моравскиот Казанова, додавајќи дека за време на првиот брак, му се родил синот Слободан, кој денеска има 45 години. На прашањето, како тоа има само едно дете, а бил со толку жени, тој одговорил дека веројатно е поради тоа што не останал долго време со нив.

„Никогаш однапред не знаев кој ќе ми биде кум. Секој пат кога ќе тргнев со девојката кај матичар, сведоци наоѓавме по пат. Многумина денеска ми се јавуваат да ме поздрават, а јас никако не можам да се сетам кога тој и со која жена ме венчал. Последниот кум го собрав пред селска продавница додека пиеше пиво. Беше првиот на кој налетавме“, вели.

1153806-11Томислав Васиљевиќ од тој раскошен живот со жените снимил три филма. Еден од нив се викаше „Човекот кој многу ги сакаше жените“. „Еднаш имав три жени во куќата и со сите три спиев во ист кревет. Едно утро во собата ми влезе комшијата за да ме праша нешто. Кога ме виде, толку се збуни, што на враќање удри со главата во столб“, вели Томислав.

Томислав во 80-те години живеел во Германија. Таму вели дека работел долго време, но ѓаволот не му давал мир, па и таму постојано ги бркал жените. Вели дека бил со жени од сите националности и бои, но најмногу му се допаѓале Јапонките.

„Многу се добри. Сексот со нив е фантазија“, објаснува Томислав, додека ги мести своите бркови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1