Балканскиот Могли: Израснал со волци, а го убиле луѓе


За малиот Харис, кој во осумдесеттите години бил пронајден на тромеѓето помеѓу Босна, Црна Гора и Србија, во шума меѓу волци од босанските ловџии и неговата необична судбина, ретко кој би знаел ако Вук Ршумовиќ не го снимил филмот “Ничие дете”. Денес судбината на Харис е доборо позната. Тој загинал во војната при распадот на Југославија во деведесеттите, на 17-18 години, но не се знае во чија војска го загуби животот.

Беше крупен, рус со сини очи и со многу долги раце, некако неуреден, објаснуваат за него.volci2-520x336

-Социјалните работници го донесоа 1988 година и ни рекоа дека ловци го нашле на тромеѓето Босна, Србија и Црна Гора во дувло на волци. Не знаевме колку е стар, но имаше некаде помеѓу 10-12, се сеќава Драган Роловиќ, директор на Заводот за воспитување деца и младинци во Белград.

Тој во тоа време бил млад воспитувач кој во Централното прифатилиште за деца и младинци, како што се викал тогаш домот, каде работел само една година. Таму биле носени деца од цела Југославија, повеќето од нив за ситни кривични дела, но некои останувале и по 10 години.

-Не зборуваше, испушташе звуци како ‘ржење или шушкање. Затоа што брзо напредуваше и брзо научи да зборва, заклучивме дека во раното детство бил во контакт со луѓе. По се беше различен, а деца како деца, мета си им ако се разликуваш. Сепак, тој не беше жртва на подбив, дури малку и како да му се плашеа, иако не беше најсилен. Подоцна другите деца го засакаа и го почитуваа, раскажува Роловиќ за Новости.рс.

Малиот Пуцке, како што го викале другите деца од домот, морал да научи се од човековото однесување. Му покажувале како се користи метла и лопатка, како се мести кревет, како да се однесува со воспитувачите и да ги почитува домските правила. Тој малку се движел, а често знаел да седне или да чучне во дворот на домот, и само да гледа наоколу. Кога јадел со двете раце ја штител чинијата, а децата понекогаш го забележувале како бара коски по ѓубрето зад домот.volci1-520x387

-Се случуваше да падне само од одење, па мислевме дека има проблеми со центарот за рамнотежа и го пративме на лекар. Но, таму докторката утврдила дека стои сосема нормално. Потоа дознавме дека не знае да оди во чевли, се сеќава воспитувачот.

Како едни од најинтересни случки кои се случиле во домот со Харис, детето израснато со волци, тој ги издвојува моментите кога Харис прв пат видел уклучен телевизор, па толку многу се уплашил што се скрил под кревет и кога џамлијата му паднала во ВЦ шоља, па ја скршил за да ја најде.

Сепак, овaa несекојдневна приказна нема убав крај. Кога почнале војните при распадот на СФРЈ, југословенските републики почнале да ги повлекуваат своите деца во армиите. Разделбата со своите другари биле тешка и момчињата плачеле од прв до последен. Се ушто не е познато Харис на чија страна се борел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1